• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Дегустација, едукација и забава на Фестивалот на органска храна во Градски парк

Дегустација, едукација и забава на Фестивалот на органска храна во Градски парк

Скопје, 2 сптември 2018 (МИА) - Компири, грав, грозје, кромид, пиперки, краставици, лук, пченка, патлиџан, пелистерски и мариовски мед, козјо сирење и млеко, козметика, ракотворби, се само дел од производите што може да се дегустираат и купат на годинашниот 8. Фестивал на органска храна во Скопје.

Фестивалот се одржува викендов на Школка, во Градски парк. Освен дегустација и продажба на производите, нуди и музика, дружење и едукација.

органска храна

Штандови имаат повеќе од 20 органски производители и изложувачи на органски производи.

„Никулците како супер храна и придобивките од нив“, „Лековитите габи - потентни зајакнувачи на имунитетот“ и „Социјални претпријатија и органска нега“ се темите на трите работилници предвидени за денеска, по што следуваат други содржини од интерактивната програма и забава.

органска храна

Фестивалот ќе заврши попладне со јога за возрасни, а беше отворен вчера со јога за деца. Присутните имаа можност да научат нешто повеќе и за влијанието на храната кај лицата со посебни потреби.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје. мч/сст/12:17

###

 

 

...

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...