• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Трибина за перспективите на македонската економија по членството во ЕУ и НАТО

Трибина за перспективите на македонската економија по членството во ЕУ и НАТО

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Трибина за перспективите на македонската економија преку членството во ЕУ и НАТО, организира денеска Стопанската комора на Македонија.

На трибината, премиерот Зоран Заев и претседателот на Комората Бранко Азески ќе иницираат дискусија не само за прашања поврзани со темата, туку и за последиците доколку Македонија не се движи во насока на исполнување на зацртаните цели. 

- Усвојување и спроведување на европските стандарди, функционирање во рамки на единствениот пазар во Унијата, приливот на странски инвестиции, воспоставување долгорочни деловни партнерства со бизниси кои се дел од ЕУ и НАТО, се само дел од прашањата кои се од посебна важност и интерес од кои зависи идниот развој на македонското стопанство, а за кои е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница, наведува Стопанската комора во најавата за трибината. мч/са/07:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...