Ангеловска-Бежоска ги предлага Нацевска и Митреска за вицегувернерки

Ангеловска-Бежоска ги предлага Нацевска и Митреска за вицегувернерки

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска - Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.

До Собранието се предлага за вицегувернери да бидат именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Двете гувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а второто со истекот на мандатот на друг вицегувернер.

Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во НБРМ, додека Ана Митреска е директорка во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ. скс/сд/12:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...