АВМУ: Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

АВМУ: Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудоиовизуелни медиумски услуги на Македонија денеска предупреди дека јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите.

- Во последните неколку дена, на повеќе телевизии и радија се емитуваат реклами од кампањата „Замисли иднина заедно“ на Делегацијата на ЕУ во пресрет на референдумот. Рекламните спотови не се јасно одвоени од другите содржини на медиумите, не се означени како платена јавна пропаганда, а во нив учествуваат и малолетници, наведува АВМУ.

Агенцијата потсетува дека платената јавна пропаганда согласно Упатството за медиумското претставување за време на референдумот од 17 август 2018 треба да се емитува во дополнителните девет минути на реален час кои се исклучиво наменети за платена јавна пропаганда за референдумот, а не во редовното време за емитување реклами од 12 минути.

Натаму, АВМУ додава дека треба јасно да се одвои од програмите и од другите рекламни пораки на радиодифузерите и видливо да се означи како платена јавна пропаганда, и да се емитува со јазно означен нарачател за целото времетраење.

- Во платената јавна пропаганда не смеат да учествуваат малолетници и таа не смее да се емитува во текот, непосредно пред и по емисиите чија примарна целна група се деца и/или младинци. Исто така, не смее да се емитува во вести, посебни информативни емисии, како и за време на директни преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани, наведува АВМУ.

Агенцијата очекува сите радиодифузери во најкус рок да го усогласат емитувањето на рекламите од оваа кампања со регулативата. нд/сд/10:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ