Тевдовски: Ликвидноста на буџетот одлична, немаме потреба од ребаланс (видео)

Тевдовски: Ликвидноста на буџетот одлична, немаме потреба од ребаланс (видео)

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Макроекономските показатели се одлични и позитивни, а и ликвидноста на буџетот е одлична и од тој аспект нема потреба од ребаланс на буџетот,  оцени министерот за финансии Драган Тевдовски, укажувајќи дека анализи секако се прават и доколку се смета дека треба да направат некои корекции тоа ќе биде соопштено.

- Сите макроекономски индикатори се одлични и се позитивни и се движат во позитивна насока. Индустриското производство објавено минатата недела покажа раст од осум проценти во однос на јули лани, а за седумте месеци од оваа година раст од 5,6 проценти, што покажува дека во 2018 година  индустријата сериозно почнува да расте во однос на состојбата во 2017 година. Исто така, извозот е силен и е повисок од 10 проценти по различни месеци, некаде и повисок. Кредитирањето е силно, инфлацијата е целосно под контрола. Потоа кај даноците, кои се најдобриот индикатор дали економските субјекти ја движат економијата и работат, има одлична наплата и сериозно зголемување, согласно проекциите, а некаде и повисоки.  Сето тоа укажува дека ликвидноста на буџетот е одлична и веројатно првпат по многу години имаме одлична ликвидност на буџетот и можеме да реализираме се, односно не постои ништо што чека во трезорот на МФ, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска одговорајќи на новинарски прашања по потпишување на договори со општините во рамки на проект со Светска банка.

При тоа додаде дека од тој аспект немаме потреба од ребаланс, но, како што посочи, секако правиме анализи и ако сметаме дека треба да се направат некои корекции тогаш ќе излеземе и ќе соопштиме.скс/сд/11:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...