Гувернерката на НБРМ на Финансиски форум во Виена

Гувернерката на НБРМ на Финансиски форум во Виена

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација Еурофи во Виена, Австрија.

Од НБРМ информираат дека оваа организација претставува платформа за размена на ставови и за дискусија помеѓу претставниците на секторот за финансиски услуги и на институциите носителки на политики во однос на прашања поврзани со регулативата и супервизијата на финансискиот систем, како и прашања од поширок економски контекст.

На Форумот што се одржува во Виена, Австрија и којшто организациски е поддржан од Австриското претседателство на Советот на Европската Унија, покрај членовите на Еурофи, учествуваат и високи претставници на меѓународните финансиски институции, на министерствата за финансии на тринаесет држави членки на ЕУ, членови на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и високи претставници на Европската централна банка и на централни банки на петнаесет држави, меѓу кои од Балканот се гувернерката на НБРМ и гувернерот на Хрватската народна банка.

Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите коишто произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, како и на прашања поврзани со натамошните чекори во однос на процесот на европска интеграција. Во контекст на последното прашање, посебен акцент е ставен на оптимизирањето на банкарската унија, улогата на дигитализацијата за интегрирани финансиски услуги, практичните аспекти на процесот на Брегзит, но и на прашањата за приоритетите во однос на развојот на финансиските пазари и финансиската поддршка за инвестирање во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Последното прашање ќе биде разгледано на панел-дискусија, на којашто активно учество како излагач ќе има и гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во рамките на оваа панел-дискусија ќе бидат разгледани главните ограничувачки фактори на финансирањето и инвестирањето во земјите на ЦИЈИЕ, ќе се идентификуваат клучните точки каде што има потреба за дополнително и алтернативно финансирање, ограничувачките фактори за поголема понуда на кредити и за развој на финансиските пазари во целина, како и улогата на различните иницијативи (Виенската иницијатива, мерките за формирање унија на пазар на капитал, иницијативата СРСС во рамките на ЕУ и слично) во поддршката на развојот на финансиските пазари.

Осврт на гувернерката Ангеловска-Бежоска за финансиските и инвестициските предизвици во регионот на ЦИЈИЕ е објавен и во специјалното издание на магазинот на Еурофи, подготвено по повод одржувањето на овој форум, значаен во глобални рамки.скс/са/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...