Бектеши: Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите овозможуваме домашните компании да ги прошират своитe капацитети

Бектеши: Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите овозможуваме домашните компании да ги прошират своитe капацитети

Гостивар, 5 септември 2018 (МИА) - Новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите како  и Планот за економски раст,  нудат поволни можности за финансиска поддршка на инвестициите НА компаниите, рече министерот за економија Крешник Бектеши при неговата посета на Гостивар.

Бектеши потсети дека неодамна донесениот закон, покрај тоа што не прави разлика меѓу домашните и странските компании, тој директно помага да се прошират производствените капацитети на компании од различни профили.

-  Една од целите на концептот за поддршка на инвестициите за домашните компании е да имаат можност да адаптираат нови технологии во нивните производни процеси и да изградат нови капацитети за развој на деловни односи со странски компании. Во иднина треба да размислуваат за пробивање на нивните производи на поголеми пазари, а најдобар пример за тоа е фабриката „Алмеро“, која врз основа на Законот за финансиска помош за инвестиции, ќе ги зголеми инвестициските капацитети во нов објект од 10.000 метри квадратни и двојно ќе го зголеми бројот на вработени, рече Бектеши.

Министерството за економија, според Бектеши е активно вклучено во реализацијата на проекти и програми преку кои се промовираат економски активности во нашата земја, додека најважен сегмент е имплементацијата на мерките од Планот за економски раст. За новиот закон за финансиска помош за инвестиции компаниите веќе се информирани.

- Ние очекуваме до крајот на годината колку што е можно повеќе компании да се охрабрат и да ги зголемат производствените капацитети, имајќи ја предвид државната финансиската поддршка.  Законот гарантира дека средствата кои ќе бидат инвестирани во 2018 година, веднаш по поднесувањето на финалната сметка од страна на компаниите, ќе биде вратен дел од нив во 2019 година, нагласи министерот Бектеши.

Како позитивен пример тој го нагласи случајот со компанијата „Алмеро“, која е прва специјализирана фабрика за производство на душеци. Нивното производство е извозвно ориентирано.

Според менаџерот на фабриката "Алмеро" Адем Агаи поддршката од државата е добредојдена и најави зголемено производство.

-  Ние сме компанија основана во 2003 година, на почеток имавме осум вработени, успеавме да ја зголемиме таа бројка на 43 вработени, продолжуваме понатаму да развиваме. Нашиот план е да го зголемиме капацитетот од 300 душеци дневно на 500, а бројот на работници да достигне 80, изјави Агаи.згм/скс/13:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ