• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Се реконструира асфалтот на регионалниот пат Виница - Бигла

Се реконструира асфалтот на регионалниот пат Виница - Бигла

Кочани, 05. септември 2018 (МИА) - За делницата од Виница до Бигла на регионалниот пат кон Делчево се обезбедени средства за реконструкција и доасфалтирање на дополнителни два километри, од планираните 4,6 километри.

Со тоа нов асфалтен слој ќе добие коловозот што поминува низ селото Трсино, што беше една од критичните точки на оваа сообраќајница.

Градежните работи за овој патен правец се влезени во програмата на ЈП за државни патишта, за што првично беа издвоени 52 милиони денари, а деновиве се одобрени дополнителни 10 милиони денари.

-Со зголемувањето на должината на патот, од виничка страна ќе биде асфалтирана вкупна должина од 6,5 километри, односно од пропустот кај селото Трстија, па се до Бигла. Освен тоа, коловозот се проширува од досегашните три на пет метри, со што ќе се намали непрегледноста и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.  

Реконструкцијата на регионалниот пат од селото Бигла до Виница започна на почетокот на летото, а од правецот на Делчево веќе се асфалтирани 2,4 километри.

Изведувач на градежните работите е ЈП „Македонија пат и се очекува тие да завршат до крајот на септември.та/скс/13:49

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ