Измените на Законот за ветеринарни лекови поминаа на владина седница

Измените на Законот за ветеринарни лекови поминаа на владина седница

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Владата на вчерашната седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за ветеринарно медицински препарати чија цел е заштита на здравјето и интересите на потрошувачите, подигнување на степенот на здравствена заштита и благосостојба на животните, како и обезбедување соодветна деловна клима за бизнис операторите.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, со измените и дополнувањата се обезбедува детално уредување на ставање во промет, издавање и употреба на ветеринарно-медицински препарати со детално дефинирање кои и во какви услови може да се користат, кој може да ги користи и кај кои видови животни.

Се зголемуваат и обврските на професионалните лица што ги ставаат во промет и користат ветеринарните лекови.

- Измените и дополнувањата овозможуваат и засилени контроли во областа на потенцијално фалсификувани ветеринарно медицински препарати со систем на собирање податоци, пријавување за сомнение и информирање на надлежните институции и ветеринарните друштва и нивното нештетно уништување, наведува Министерството. мч/са/14:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...