„Кранфилд“ ќе ја гради фабриката кај Пробиштип, инвестицијата зголемена на 20 милиони евра

„Кранфилд“ ќе ја гради фабриката кај Пробиштип, инвестицијата зголемена на 20 милиони евра

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Компанијата „Кранфилд фаундри“ за фабриката за леење железо во индустриската зона „Неокази“ кај Пробиштип ќе добие државна помош за реализација на инвестицијата што сега се зголемува од 15 на 20 милиони евра, со отворање најмалку 100 нови работни места.

Анекс на Договорот денеска потпишаа министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска во име на Владата на Република Македонија  и Сергеј Кручинин претставник на компанијата.

Станува збор за изградба на современа фабрика за леење на железо во индустриската зона „Неокази“, општина Пробиштип, која ќе работи според највисоките еколошки стандарди и ќе испорачува производи главно наменети за автомобилската индустрија.Со реализација на целата инвестиција бројот на вработени треба да достигне 280.

Министерката Апостолска истакна дека зголемувањето на вредноста на првично планираната инвестиција е најдобар сигнал за позитивните економски промени кои се случуваат во Македонија  како резултат на мерките од владиниот План за економски раст.

- Владата уште еднаш го потврдува својот партнерски однос што го гради кон странските инвеститори и ја демонстрира својата максимална посветеност за отстранување на сите пречки со кои се соочуваат инвеститорите во реализација на нивните проекти во Македонија, рече министерката Апостолска.

Од страна на компанијата се реализирани сите подготвителни градежни активности, потпишани се договори со добавувачите за производствениот капацитет, како и за набавка и инсталација на потребната опрема за производство. Дел од машините за производство веќе се увезени во Македонија и од страна на компанијата се договорени првите нарачки со клиентите за испорака на производите.скс/сд/15:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...