• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Во Велес работилница за поголема безбедност на сообраќајот

Во Велес работилница за поголема безбедност на сообраќајот

Велес, 5 септември 2018 (МИА) - Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата попладнево во општина Велес одржа работилница на тема „Унапредување на сообраќајот на патиштата на локално ниво“.

На работилницата покрај претставниците на РСБСП од Скопје и од Општинскиот совет на РСБСП од Велес учествуваа и претставници од СВР Велес, Општина Велес и професори од Техничкиот факултет во Битола.

Како што изјави за МИА Ристо Манчев од РСБСП од Скопје целта на оваа прва од ваков вид работилница е сите надлежни од сообраќајот да преземат мерки за побезбедно одвивање на сообраќајот на подрачјето на СВР Велес.

- Статистичките податоци покажуваат дека изминатата 2017 година од 155 загинати лица во сообраќајни несреќи во земјава, 11 се на подрачјето на СВР Велес, а шестмина на територијата на градот Велес. Токму затоа на оваа работилница сите присутни се договаравме да изнајдеме начини за поголема безбедност на сообраќајот во овој реон, потенцира Манчев.

Тој најави дека претставниците од сите надлежни институции ќе продолжат со континуирана соработка.

- Понатаму ќе се направат и детални анализи за состојбите,а ќе се донесат и конкретни мерки на краткорочен и долгорочен план со цел намалување на сообраќајните несреќи со човечки животи на патиштата,потенцира Манчев. Додаде дека овие активности за поголема безбедност на сообраќајот на локално ниво од надлежните институции во Велес ќе продолжат континуирано и во наредниот период. ад/мд/18:39

###

 

 

 

 

 

Вирус-фрее. њњњ.аваст.цом

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...