Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал

Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал

Скопје,  6 септември 2018 (МИА) - Бруто домашниот производ во второто тримесечје од годинава бележи раст од 3,1 процент, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал годинава БДП имаше раст од 0,1 процент.

Во второто тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 13,9 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 12,7 отсто и стручни, научни и технички дејности, ддминистративни и помошни услужни дејности од 4,5 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3,2 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 69,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6,6 отсто.скс/са/12:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...