• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Бешлиев: Намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија

Бешлиев: Намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија

Скопје, 6 септември 2018 (МИА) - Податоците кои ги добивме од Русија покажуваат дека е намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија, изјави извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев.

Меѓудругото, ова намалување се должи на неповолната конкуренција на цените на раната зелка, кон почетокот на годината. 

На денешната трибина и обука за македонски менаџери за „Особеностите на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“, Бешлиев посочи дека покрај тековните работи, трибината е организирана со цел да се најде решение за зголемувањето на трговската размена меѓу Скопје и Москва. 

- Податоците што ги добивме од руска страна говорат дека имаме намалување на трговската размена за околу 9,7 отсто, при што македонскиот извоз бележи пад од околу 23 проценти, наведе Бешлиев, посочувајќи дека во првите шест месеци од минатата година вредноста на извозот бил 41 милион долари, а оваа година во истиот период е 31,1 милион долари.

Тој истакна оти тоа е показател дека треба да се алармира, да се разгледа што се случува и да се работи заедно со компаниите и со нивните партнери од Русија со цел да се најде модул како тоа да се поправи, уверувајќи дека состојбата и навистина ќе се промени. 

- За размената во посочените бројки, не влегуваат енергенсите.  Сепак вкупната размената што минатата година изнесуваше околу 201 милион долари, се надеваме до крајот на годината ќе биде приближно иста или ќе се надмине, рече Бешлиев. 

На прашањето дали во намалувањето на размената меѓу Македонија и Русија има удел времената забрана за одредени производи, тој одговори дека причините се економски, напоменувајќи дека податоците се однесуваат само за почетокот на годината. 

- Најголемиот „удар“ се почувствува при извозот на македонската рана зелка на почетокот на годината, кога благодарание на огромниот економски пазар и борбата на самиот руски пазар, конкурентноста на цените во дадениот момент не беше поволна. Поточно, кога македонската рана зелка чинеше околу 0,30 евроценти, Русите ја добиваа за 0,25 евроценти од Иран, а токму тоа беше една од причините за намалување на извозот, објасни Бешлиев. 

Тој, сепак, истакна дека гледа потенцијал за подобрување на состојбата во однос на трговската размена, и тоа во производите што ќе донесат зголемена додадена вредност. 

- Тоа е нешто што ќе ни помогне да го намалиме трговскиот дефицит со Русија, имајќи предвид дека се увезува нафта и гас, а тој дефицит е многу голем, заклучи Бешлиев. см/сд/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...