• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД

Едногодишни грантови за осум организации од УСАИД

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) -  Осум организации денеска ќе добијат едногодишни грантови преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем за деловна поддршка.

Целта на грантовите е подобрување на постојни и развивање нови деловни услуги за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во Македонија.

Грантовите ќе им бидат доделени на Комората на занаетчии – Скопје, Здружението за рурален развој ЛАГ Агролидер, МАКАМ-ТРАНС, Македонската асоцијација на метална и електроиндустрија (МАМЕИ), Сојузот на стопанските комори, Македонското здружение за лифтови, Стопанската комора на североисточна Македонија и Солар Македонија. 

Дел од услугите за поддршка на ММСП кои ќе се развиваат преку грантовите се обука и развој на работна сила во повеќе сектори, помош во пристапување до финансии, поддршка за поврзување со странски пазари, експерти за оптимизација на производството, како и многу други.

Започнат во 2017 година, Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем работи на зголемување на продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП).  Работи со деловни здруженија, стопански комори, финансиски институции, тренинг-центри и компании што работат на развивање на нивните синџири на доставување, како и други организации што нудат услуги за деловна поддршка на ММСП. Проектот исто така работи со финансиски институции на зголемување на финансирањето достапно за ММСП.скс/са/07:46

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ