• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, а повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, остануваат на исто ниво во секторот Рударство и вадење на камен, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 отсто.

Во споредба, пак, со јуни 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,9 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 3,3 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, во јули годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а повисоки за 2,1 отсто на годишно ниво.

Во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2  отсто.

Во споредба со јули 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 9,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,4 отсто. вј/са/13:15

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...