• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Иницијатива за враќање на падарската служба во Кавадарци

Иницијатива за враќање на падарската служба во Кавадарци

Кавадарци, 10 септември 2018 (МИА)Да се вратат падарите како чувари на земјоделските имоти, е целта на Иницијативата за враќање на падарската служба во Кавадарци. Поранешниот раководител на овој сервис на земјоделците, Трајко Тасев денеска за МИА информираше дека ја подготвуваат целокупната документација во врска со оваа иницијатива, која ќе ја достават до кавадаречкиот градоначалник и Советот на општина Кавадарци, но и до надлежни државни органи. 

Сакаме да ја вратиме службата која некогаш со седум падари за одредени реони, се грижеше за имотите на земјоделците. Затоа што во нејзино отсуство, изминативе години, според нашите сознанија, се зголеми бројот на кражбите на земјоделски производи и полски куќички, соопшти Тасев. 

Според него, се уште се размислува околу финансирањето на службата. Најверојатно, иницијаторите за враќањето на падарската служба, ќе побараат таа да се финансира од три извори. Дел од државата и од општината, а дел од самите земјоделци. свд/сст/15:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...