Времен прекин на сообраќајот на делницата Фариш-Дреново

Времен прекин на сообраќајот на делницата Фариш-Дреново

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - На експресниот пат Прилеп-Градско, делница Фариш-Дреново, поради изведување градежни работи утре и задутре ќе има времен прекин на сообраќајот.

Утре, градежните работи на патот ќе почнат да се изведуваат од 7:00 часот, а прекин во сообраќајот ќе има од 9:00 до 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 9:00, 11:00, 13:00 и 15:00 часот и ќе траат околу 30-45 минути. По завршувањето на работата сообраќајот ќе се нормализира.

Во четврток на истото место прекин на сообраќајот ќе има од 9:00 до 11:45 часот, потоа сообраќајот ќе биде нормализиран. см/скс/12:33

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.