• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Зоолошката градина Скопје пристигнуваат пингвини

Во Зоолошката градина Скопје пристигнуваат пингвини

Скопје, 8 август 2018 (МИА) - Во Зоолошката градина во Скопје од пролетта следната година ќе бидат донесени пингвини.

Од Зоолошката градина наведуваат дека скопјани долго време ги очекуваат пингвините, но минатата година изградбата на живеалиштето одеднаш беше стопирана, иако веќе одамна беше најавено доаѓањето на пингвините.

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски вели дека се надминати небулозните причини поради кои живеалиштето не било изградено на време.

- Живеалиштето е стопирано на половина од градбата. Причините се банални и не смееме да дозволиме она што го очекуваат децата и што е ветено, да не го видат. Сепак, нашата цел е да направиме  европска зоолошка. Во соработка со градоначалникот на град Скопје и некои поголеми македонски компании ќе направиме напори, живеалиштето да биде готово до пролет, истакнува Галетановски.скс/са/13:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...