Без вода утре делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Без вода утре делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Скопје, 9 август 2018 (МИА) - Без вода за пиење утре од 20 часот до завршување на работата ќе останат делови од Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - станбените објекти над петти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“ (од новиот кружен тек до бул. „Борис Трајковски“), соопштија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700 мм, што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу ул. „Христо Татарчев“ и бул.„Србија“ (последна 24-ка).

Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, посочуваат оттаму, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле во периодот од 8 до 14 часот наредниот ден (11 август).

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. рп/ев/07:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...