• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Без вода делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Без вода делови од Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Без вода за пиење вечер од 20 часот до завршување на работата ќе останат делови од Аеродром и Ново Лисиче (висока зона - станбените објекти над петти кат), Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, како и дел од Кисела Вода на ул. „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. „Борис Трајковски“ и дел од бул. „Србија“ (од новиот кружен тек до бул. „Борис Трајковски“), соопштија од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна линија сo пречник 700 мм, што ќе се изведува кај новиот кружен тек меѓу ул. „Христо Татарчев“ и бул.„Србија“ (последна 24-ка).

Планската проекција на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, посочуваат оттаму, е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би добиле утре во периодот од 8 до 14 часот.

Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода. Исто така, од Јавното претпријатие информираат дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. рп/ев/07:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...