• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Македонска Каменица домаќин на Europ’Raid

Македонска Каменица домаќин на Europ’Raid

Македонска Каменица, 10 август 2018 (МИА) - Македонска Каменица по втор пат се најде на мапата на популарната француска иницијатива Europ’Raid. Учесниците на најголемата европска рели авантура во текот на минатата вечер ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица.

Како што истакнаа од здружението за културни настани „Ас-Гард“, претходно во рамки на настанот била организирана и солидарна акција.

- На патот низ 20 европски земји, за дваесетина дена, единствената локација за ноќевање на 750 млади Французи во Македонија беше малата рударска општина. Французите кои патуваат низ Европа со возила од марката „Пежо 205“ организираа акција која имаше солидарен карактер. Акцијата се состоеше во собирање донации за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица. Морам да нагласам дека ова беше повеќе од успешна акција, бидејки во нејзини рамки беа собрани над шест тони училишен прибор. На акцијата и претходеа и спортски активности, во чии рамки се одиграа натпревари во кошарка, рече Васко Десподовски од „Ас-Гард“.

Гостите од Франција рано утрово поминувајки низ Делчево, се упатија кон соседна Република Бугарија, од каде го продолжуваат своето патешествие и во други европски земји. вс/вј/09:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ