Адеми ја повика дијаспората помасовно да се пријави и да гласа на референдумот во септември

Адеми ја повика дијаспората помасовно да се пријави и да гласа на референдумот во септември

Македонска Каменица, 12 август 2018 (МИА) - Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање.
 
- Како што знаете Државната изборна комисија донесе правилник со кој на дијаспората и го овозможи правото да гласа во дипломатско конзуларните претставништва. Сега од 9 до 23 август тече рокот за електронско пријавување за тие кои се заинтересирани да гласаат и јас сакам да ја искористам приликата од овде од Македонска Каменица да ги повикам што помасовно да се пријавуваат, да го искористат своето законско право и да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат. Кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објасниме договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на нашата држава, истакна Адеми.
 
Според статистиката на Светска банка, од Македонија во изминативе две децении во западно-европските и прекуокеанските земји се иселени 460.000 граѓани, кои на изминатите изборни циклуси не пројавија поголем интерес.вс/скс/17:37

###


 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ