Со панел дискусија попладне ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите

Со панел дискусија попладне ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите

Скопје, 13 август 2018 (МИА) - Меѓународниот ден на младите ќе биде одбележан попладне со настан што ќе се одржи во Градскиот парк во организација на Агенцијата за млади и спорт. 

На панел дискусијата насловена „Младите за ЕУ, ЕУ за младите-перспективи и можности“ ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и заменик претставникот за Програмата за развој на Обединетите нации, Нарин Сахакјан, а организаторите најавуваат присуство и на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.      

Присутните ќе имаат можност да поразговараат со говорниците и да ги споделат своите идеи и ставови во однос на младинските предизвици и потреби во Македонија.

Ќе биде поделен и промотивен материјал,  а во културно - забавниот дел ќе настапи ДЈ Фичо. бак/са/13:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ