• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

УСАИД со опрема и обуки и помага на МИА за развој на фото и видео сервисот

УСАИД со опрема и обуки и помага на МИА за развој на фото и видео сервисот

Скопје, 14 август 2018 (МИА) - Македонската информативна агенција (МИА) ја доби опремата за новиот фото и видео сервис како дел од помошта што Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ја реализира врз основа на потпишаниот Договор за соработка со МИА.

МИА фото опрема 2

Договорот помеѓу МИА и УСАИД, склучен во мај оваа година, има за цел да и помогне на Агенцијата да го зајакне капацитетот на продукција на професионални содржини и да го подобри нејзиниот фото и видео сервис. Опремата се состои од фото апарати, камери, осветлување, компјутери и софтвери за монтажа со што се создаваат услови во МИА за зајакнување на фото сервисот и воспоставување на сопствен видео сервис.

МИА фото опрема 1

Освен новата опрема за фото и видео сервисот, соработката се фокусира и на обезбедување обуки за зголемување на бизнис и маркетинг капацитети и продукциските квалитети на МИА. Во последниве два месеца беа оддржани неколку модули на обуки со вработени од различните редакции и сектори на Агенцијата. Обуките ќе продолжат и во текот на наредните месеци, а фокусот ќе биде врз обуките за користење на новата техника, организацирање на ново ВЕБ одделение, употреба на нови техники во користењето на социјалните мрежи и дигиталните технологии, креирање на нова ВЕБ страна на МИА, бизнис менаџмент и други новитети неопходни за реформирање и развој во работата на МИА.

Соработката помеѓу МИА и УСАИД треба да резултира во зголемување на ефикасноста на Агенцијата во информирањето на сопствените клиенти и граѓаните на Република Македонија. сд/да/07:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...