Во Велес 25. традиционална летна акција за доброволно дарување крв

Во Велес 25. традиционална летна акција за доброволно дарување крв

Велес, 15 август 2018 (МИА) - Во Велес  во тек е традиционалната 25.  летна акција за доброволно дарување на крв што ја организира Општинската организација на Црвен крст во градот во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во текот на акцијата како што информираат од ООЦК досега се собрани 90 крвни единици.

Од ООЦК Велес ги повикуваат сите граѓани денеска до 14 часот   да се приклучат во акцијата  и доброволно да даруваат крв која за многумина пациенти значи живот.ад/скс/11:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ