• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Летна крводарителска акција во Куманово

Летна крводарителска акција во Куманово

Куманово, 16 август 2018 (МИА) - Вкупно 32 крвни единици се собрани на денешната вонредна летна крводарителска акција што се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. 

Организатори на акцијата се Црвениот крст и Службата за трансфузиона медицина. Вонредните крводарителски акции се организираат согласно планот кој го изработуваат Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст.

Во Куманово во текот на летото се организираат три вонредни крводарителски акции. Според очекувањата и праксата од изминатите години, на вонредните крводарителски акции бројот на крводарувањата се движи меѓу 35 и 40 крвни единици. Во текот на летото, дел од кумановските редовни и повеќекратни крводарители се јавуваат и на повик на институциите.

На годишно ниво во Куманово се одржуваат 40 крводарителски акции. Според податоците од општинската органзација на Црвениот крст лани биле собрани околу 3.000 крвни единици. ам/мд/16:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ