• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Момче качено на дрво на „Партизанска“ спасено од пожарникари

Момче качено на дрво на „Партизанска“ спасено од пожарникари

Скопје, 17 август 2018 (МИА) - Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85, јавува МИА.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот. 

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари.

Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот. бак/са/07:59

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ