• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Штипскиот регион атрактивен за странските ловџии

Штипскиот регион атрактивен за странските ловџии

Штип, 17 aвгуст 2018 (МИА) - Штипските терени за лов на прелетен дивеч се примамливи за ловџии од Италија, Франција и Германија. Тие викендов во атарите на селата Врсаково, Судиќ и Трогерци ќе ловат прелетен дивеч.

Николче Малинов од штипското Ловно здружение „Ловец“ вели дека оваа година е една од подобрите за ловниот туризам.

- Ние како здружение сме задоволни од оваа година. Веќе имавме странци од Италија, претежно за отстрел на грлици. Интересно е што во Македонија оваа година, само во нашиот регион ја има грлицата, така имаме поголемо присуство на странци од вообичаено, рече Малинов.

Според него, интересот на ловџиите засега е задоволителен бидејќи секојдневно се издаваат дозволи за лов, а се ловат грлици, див гулаб и препелица. Ловната сезона за крупен дивеч ќе почне на први октомври со што ќе може да се лови дива свиња, волк и лисица. вдј/мд/13:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ