• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Битолското здружение „Сумнал“ на фестивал во Холандија

Битолското здружение „Сумнал“ на фестивал во Холандија

Битола, 20 август 2018 (МИА) - Членови на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола успешно учествуваа на фестивалот „Терп од бајки“ („Terp of tales“) што се одржа во холандскиот град Леуварден.

Членовите на здружението „Сумнал“ учествуваа на фестивалски работилници за театар и за хорско пеење, истакна Фатма Бајрам, директорка на здружението „Сумнал“ од Битола.

- Првата работилница беше поврзана со театар, а нашите членови Филип Јашаров и Рамиз Ахмедов ги искористија своите таленти за глума и танц. Втората работилница беше поврзана со хор, а нашата членка Викторија Михајловска го искористи својот талент за пеење, додека, пак, нашата членка Ферзије Асаноска беше дел од дигиталната работилница каде го искористи својот потенцијал да помогне во креирање на видеа. На фестивалот во Холандија учествуваше и Христина Божиновска која беше дел од јазичната работилница и токму таму создаде поема и прекрасна приказна кои беа одбрани да бидат презентирани на завршната фестивалска манифестација, информира Бајрам, по враќањето во Битола.

Суминал Битола Холандија 1

Таа посочи дека Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, заедно со другите фестивалски учесници од Австрија, Белгија, Хрватска, Данска, Португалија и други европски држави, изработија претстава од песни, видеа, поеми, приказни и театарски изведби на различен јазик и култура. - Тие претставуваат непроценливо богатство, истакна Фатма Бајрам, директорка на здружението „Сумнал“ од Битола. мт/вј/10:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...