• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

„Тика“ го реконструира и опремува интернатот на „Иса Беј Медреса“

„Тика“ го реконструира и опремува интернатот на „Иса Беј Медреса“

Скопје, 20 август 2018 (МИА) – На барање на Исламската верска заедница,  Канцеларијата на турската агенција за соработка и координација во Македонија (ТИКА) започна со проект за реконструкција и опремување на интернатот на „Иса Беј Медресата“ во Скопје.

Како што изјави на денешната прес-конференција програмскиот координатор на ТИКА за Македонија, Ајтекин Ајден, по посета на просториите на Медресата биле констатирани проблеми во однос на водоводната и канализациската инсталација, влага на фасадата и во внатрешните делови, како и појава на процес на корозија и гниење. Исто така, биле забележани и големи оштетувања на вратите и прозорите, односно голема застареност на мебелот.

Тендерот за реализација на проектот бил распишан во јули и веќе се работи на реконструкција на Медресата. Се очекува, според Ајтекин, работите на реконструкцијата, како и на внатрешното опремување на Медресата да бидат завршени најдоцна за пет месеци, а вкупната сума издвоена за проектот е околу еден милион евра.

- Се надеваме дека на 35-тата година од своето постоење Медресата ќе го добие стариот лик, но ќе функционира во многу посовремени услови за учениците кои ја посетуваат наставата и престојуваат во интернатот, рече Ајтекин.

Со проектот предвидено е обнова и на кујната, како и изградба на скали за евакуација и партерно уредување кое досега недостасувало, рече Ајтекин на прес-конференцијата спроти муслиманскиот празник Курбан Бајрам.вг/сд/12:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...