• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Кавадаречкиот музеј објави брошура зa Курбан Бајрам кај Ромите муслимани од Кавадарци

Кавадаречкиот музеј објави брошура зa Курбан Бајрам кај Ромите муслимани од Кавадарци

Кавадарци, 22 август 2018 (МИА)Кавадаречкиот музеј објави брошура за Курбан Бајрам кај Ромите муслимани од Кавадарци, проект поддржан од Министерството за култура.

Авторот и раководител на проектот, кустос етнологот, Томе Крстевски информира за МИА дека дека празниците во исламската религија немаат само свечена димензија, туку суштината на празникот и неговата филозофија е многу поголема. Исламските празници следуваат откако ќе се заврши одредена задача или обврска. 

- Курбанот претставува триумф на духовното и верско кај човекот, врз материјалното и верската небрежност. Покрај останатите димензии, курбанот има и социјална димензија. Тој е доказ за меѓусебна посветеност на граѓаните за пружење на материјална и морална помош. Со ова муслиманите духовно се образуваат и се зближуваат, истовремено триумфираат над себичноста и стапуваат на сцената на хуманоста и солидарноста, меѓусебната помош и соработка, вели авторот. 

Принесувањето на жртва кај Ромите муслимани од Кавадарци е дел од обичаите кои владеат на овие простори.

- Курбанот кој се принесува во Кавадарци кај Ромите се одбира во зависност од финансиската моќ на тој што сака да ја принесе. Одбележаниот Курбан се мести со главата на исток, а нозете на запад. Традиција исто така е домаќинот на семејството да принесе курбан  во зависност колку машки деца има. За секое машко дете се колe курбан, за да се оттргнат од него лошите работи и искушенија  во период од една година, односно до другиот Курбан. По колењето на курбанот месото се дели кај луѓето кои не может да принесат жртва за овој празник, потоа роднини и пријатели, на оној кој коли курбан и на крај оставаат месо во домаќинството, од кој се спрема голем ручек за цела фамилија. Со светото месо дел од курбанот, се симболизираат ангелите кои преку месото дават благослов во семејствата. Ручекот е дел од традицијата на Ромите муслимани за овој празник, кој завршува со поставување на благо на трпезата, кажува авторот. 

Со осознавањето на традицијата и обичаите кај Ромите муслимани од Кавадарци, вели, од празнувањата кај нив, се дознаваат многу различности и секако сличности на обичаите поврзани со духовната култура на различните етнички групи на овој простор.

- Различностите и дел од обичаите, сигурно ќе побудат внимание и ќе придонесат за поголемо запознавање едни со други, додава авторот.                                                                                                                              Имамот на ИВЗ од Кавадарци Тархан Шабанов е соработник во проектот.  

Фотографиите и графичкиот дизајн се на  Јадран Манчев. свд/нд/13:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...