• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка

Скопје, 26 август 2018 (МИА) - Во предвечерието на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје утре ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.

Утрото на 28 август, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. 

Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција. ев/сд/08:13

###

ФОТО: МИА Архива 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ