• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Вечерна богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица кај Матка

Вечерна богослужба за празникот Успение на Пресвета Богородица кај Матка

Скопје, 27 август 2018 (МИА) - Во пресрет на утрешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржи Вечерна Богослужба, духовна академија и сеноќно бдение.

Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан. 

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција. ев/са/08:51

Фото: МИА архива

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ