• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Спасовски и Филипче присуствуваа на одбележување на Денот на рударите во Пробиштип

Спасовски и Филипче присуствуваа на одбележување на Денот на рударите во Пробиштип

Штип, 28 август 2018 (МИА) - Злетовските рудари го одбележуваат Денот на рударите и нивната заштитничка Голема Богородица со низа на културно-уметнички манифестации во организација на општината.

Во рамки на одбележувањето на Денот на рударите синоќа се одржа свечената седница на Советот на општина Пробиштип на која присуствува и министрите за внатрешни работи и за здравство, Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов додели награди на вкупно шест институции и личности кои дале голем придонес за општината. Во име на наградените се заблагодари Коста Балабанов, кој со своето лобирање ја донесе и една од најголемите инвестиции во општината, а тоа е Хидросистемот „Злетовица“, кој со вода за пиење треба да снабдува вкупно шест општини, а во моментов на него се приклучени само Пробиштип и Свети Николе.

Пробиштипскиот градоначалник, Анастасов истакна дека во изминатите девет месеци се изборил општината да не биде блокирана, поради големите долгови, а закочениот европски проект преку Програмата за Меѓугранична соработка Македонија-Бугарија за реконструкција на Домот на културата во Пробиштип конечно е реализиран, со што овој објект доби и енергетски ефикасна фасада.

- Градската капела која ја наследивме како објект кој беше целосно нефункционален и неповрзан на соодветна комунална инфраструктура веќе е ставен во функција и функционира како објект, кој секоја модерна општина треба да го поседува. Нашето ветување за детската градинка во населбата Калниште, кое го дадовме согледувајќи го проблемот на жителите во овој дел на општината, го исполнивме во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Градинката е во завршна фаза и во септември ќе биде ставена во функција и од неа бенефит ќе имаат 40 дечиња, рече Анастасов.

Тој истакна дека реконструирана е и улицата „Миро Барага“, а во тек е и реконструкцијата на гланата улица која води кон населбата Калниште. Тендерот за поставување на нови канделабри на Градскиот плоштад е завршен и согласно договорот фирмата треба да ги постави во септември, а веќе од наредната недела почнува и проектот за реконструкција и автоматизација на Филтер станицата.

Проектот е вреден 1,2 милиони евра, а како што нагласи Анастасов средствата се донација од Република Словенија и од буџетот на Владата на Република Македонија. На 5 септември завршува и тендерската постапка за реконструкција на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште. Во септември и октомври следуваат и низа на инвестиции во изградба на нови тротоари и улици во општината, а локалната власт конкурираше и со три проекти за добивање на средства од Програмата за рурален развој.

Во општина Пробиштип во моментов работат рудниците „Злетово“ и „Стрмош’, а кој оваа година е продаден на странски инвеститор. вдј/рп/09:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...