• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Лешок одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица

Во Лешок одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица

Тетово, 28 август 2018 (МИА) - Со света архиерејска литургија и црковно-народен собир денеска традиционално во Лешок беше одбележан празникот Успение на Пресвета Богородица.

 

Со архиерејската литургија чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф, кој им порача на бизнисмените да го почитуваат празникот, односно овој ден да му го посветат на Бога заедно со нивните вработени. 

- Станав малку порано да прошетам во дворот на манастирот и забележав петнасетина жени кои побараа порано да се отвори црквата. Тоа и го направивме, да направат почит и чест кон Богородица. Бев вчудоневиден зошто толку рано дошле да направат чест на Богомајката кога една од жените кажа дека денеска е на работа во една конфекција во Тетово. Бидејќи денеска е неработен ден црквата празнува. Бев вчудоневиден кога дознав дека и газдата е православен. И уште толку се растажив, рече владиката Јосиф.

Верниците денес ги посетуваа двата црковни храма на манастирскиот комплекс, подигнати во чест на Свети Атанасиј и Пресвета Богородица. 

Традицијата за прослава на празникот познат како Голема Богородица во манастирскиот комплекс во Лешок налага да се богослужи и во предвечерието на празникот. Вчера, митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф во сослужение со повеќе свештенослужители од Тетовското архиерејско намесништво чиноначалствуваше со света архиерејска литургија. ас/бак/18:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ