• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“

Конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“

Скопје, 31 август 2018 (МИА) - Социо-економските и политичките промени во државата по промената на власта, ЕУ и НАТО интеграцијата и улогата на меѓународните партнери и нивниот придонес кон понатамошниот развој на Македонија и Југоисточна Европа. Овие теми ќе бидат разгледувани на денешната меѓународната конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“. 

На конференцијата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска. Најавено е учество и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, националниот координатор за членство во НАТО Стево Пендаровски, претседателот на Прогрес-Институтот за социјална демократија Сашо Додовски, претставници на политички фондации...

Организатори на конференцијата се Прогрес-Институтот за социјална демократија во соработка со Фондацијата за европски прогресивни студии, Меѓународниот центар „Олоф Палме“, Вестминстер Фондацијата при Лабуристичката партија од Велика Британија, Фондацијата „Фридрих Еберт“) - Канцеларија Скопје и Европскиот форум за демократија и солидарност. мд/са/07:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ