• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Се поставува бројчаникот на Порта Македонија (фото)

Се поставува бројчаникот на Порта Македонија (фото)

Скопје, 30 август 2018 (МИА) - Доцна синоќа на Порта Македонија во центарот на Скопје почна поставувањето на бројчаникот на кој, според најавите, ќе се покажува колку од украдените пари од претходната власт се враќаат во Буџетот.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека наскоро ќе биде поставен бројчаникот на Порта Македонија во Скопје, но не прецизираше кога точно тоа ќе се случи.

Бројчаник на Порта Македонија 2

- Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските истраги ќе ги инкасираат вратените пари што биле земени од буџетот, како надомест на штета, рече Заев на вчерашаната прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, како што истакна премиерот, е ветување што го дал додека беше во опозиција, барајќи ја поддршката од граѓаните.

Бројчаник на Порта Македонија 3

- Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџетот на Владата нема пари за тоа и бројчаникот приватно ќе го платам од мои пари. Тоа значи дека по завршувањето на функцијата ќе биде дониран на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на Триумфалната порта каде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно бројчаникот ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично. Тоа е намерата во делот на постапката за реализација на ова мое ветување, рече премиерот Заев. сст/са/08:04

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...