• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Меѓународна конференција за приватното обезбедување

Меѓународна конференција за приватното обезбедување

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Треин Бреин Софт“ во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и организациите за приватно обезбедување од Словенија, Норвешка, Романија и Хрватска. 

Конференцијата е завршен настан со кој се заокружува реализацијата на ЕУ проектот „Треин Бреин Софт-стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“. Грантот за реализација на проектот беше во висина од 11.380.000 денари, а проектот се спроведуваше во период од 25 месеци, почнувајќи од септември 2016 година до септември годинава.

конференција приватно обезбедување

На конференцијата, како што најавуват организаторите, ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на Комората на РМ за приватно обезбедување Верица Милеска-Стефановска, претседателите на словенечката, романската, хрватската и норвешката комора за приватно обезбедување, како и Љупка Ќуркчиева од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. бак/са/07:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...