Се санира дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

Се санира дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

Скопје, 4 септември 2018 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека нивни екипи до крајот на работниот ден ќе ја заменат цевката и ќе го санираат дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката Реплек. 

Дефектот, како што се посочува, е настанат заради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда.

Водоводна цевка1Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок.

Имено, затрупувањето според процедурите го врши фирмата која бара приклучок, а во случајов оваа фирма не постапила по сите технички норми и процедури (обезбедување на постојната водоводната цевка со анкерни блокови, односно подупирање), а затрупувањето не го направила во слоеви од по 30 см, туку со целата тежина ја исфрлила земјата врз цевката. Од тежината на земјата дошло до нејзино прекршување, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. рп/сд/10:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ