Осум невработени лица ангажирани за општо корисна работа во Гевгелија

Осум невработени лица ангажирани за општо корисна работа во Гевгелија

Гевгелија, 4 септември 2018 (МИА) - Во општина Гевгелија денеска почна реализацијата на проектот за општо корисна работа за чија реализација на локалната самоуправа од страна на УНДП и беа одобрени средства за работно ангажирање на осум невработени лица.

- Меѓу осумте времено ангажирани лица, двајца се социјални работници, а шестмина се среднисти. Наредните шест месеци тие работно ќе бидат ангажирани по 20 часа неделно со паричен надоместок и осигурување, велат од општината.

Времено ангажираните во проектот за општо корисна работа по четири часа дневно ќе асистираат при пружање помош на деца со попреченост во Дневниот центар за лица со пречки и Центарот за деца со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија. Покрај ова, тие ќе одат во посета на стари и изнемоштени лица на кои исто така ќе им помагаат. им/рп/11:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ