• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Инцијативата „Спас за Попова Шапка“: Надлежните да преземат мерки за спас на претстојната зимска сезона

Инцијативата „Спас за Попова Шапка“: Надлежните да преземат мерки за спас на претстојната зимска сезона

Попова Шапка, 5 септември 2018 (МИА) - Претставници на иницијативата „Спас за Попова Шапка“ составена од стопанственици, планинари и спортски работници на прес-конференција на Попова Шапка денеска предупредија дека е доведено во прашање одржувањето на претстојната зимска скијачка сезона.

Според нив, непознато е дали и како ќе се скија на Попова Шапка зашто. како што велат, не се гледа крајот на доградбата на новата шестседишница, а воедно дел од постарите ски-лифови биле расипани.

- Двоседниот ски-лифт Свети Илија беше расипан од средината на февруари и според нашите сознанија не е поправен. Тоа е најсуштински дел од скијањето на Шапка бидејќи е најмасовно посетен од почетници, бордери и други скијачи кои имаат едноставна патека за движење. Шестседишницата трета сезона се работи и никој не дава одговор дали и кога ќе биде готово, изјави управникот на хотелот Тетекс Арена, Жарко Неделковски.

Тој вели дека колку што ним им е познато, во проектот предвиден за новата шестседишница нема предвидено приклучок на електрична енергија.

- Фактички АД ЕЛЕМ на ќерката фирма ЕЛЕМ турс не им пушта струја. Иако фирмата која го има изработено проектот за шестседишницата  и ја поставува вели дека ќе биде готова до средина на декември тоа може да биде попусто бидејќи техничкиот прием е предвиден  дури во март-април 2019-та. И тоа без струја бидејќи за тоа треба да има нов проект рече Хамди Сулејмани  од Иницијативата „Спас за Попова Шапка“.

Освен проблемите на скијачките патеки од иницијативата предупредуваат дека патиштата низ викенд населбата се целосно руинирани. Вообичаено проблем во нашиот најстар скијачки центар, според нив, е и паркирањето особено во викендите поради малиот број паркинг-места поради што возилата се паркираат долж патот и по неколку стотина метри далеку од самиот центар.

- Гостите слушаат разни информации дека Шапка ќе се продава или нема да се продава и поради тоа се одлучуваат да чекаат и да не прават никакви резервации. Ни се јавуваат и од туристичките агенции за подетални информации за тоа дали ќе се продава или не Попова Шапка, дали ќе се инвестира, а ние немаме никави информации.  Сме имале случаеви гости да дојдат до влезот на Шапка и да се вратат поради неисчистен пат од снег затоа што нивните возила не можат да поминат вели сопственикот на хотелот „Скардус“ Ашим Асани.

Менаф Мемеди од иницијативата „Спас за Попова Шапка“ потсетува дека во 1983 година кога се поставувале столбови за ски-лифтот на Церипашина тоа се правело со хеликоптери за да се не уништува природата што, вели, сега не е случај.

- Со копањето и изградбата пристапните патишта за камиони за новата шестседишница уништен е најубавиот дел на Шапка а дополнително во опасност се доведуваат изворите со вода.  Повик до сите надлежни од градоначалник до Владата да земат стручни луѓе за да се уреди Попова Шапка рече Мемеди.

Неодамна државната компанија Електрани на Македонија ЕЛЕМ кои преку ЕЛЕМ Турс стопанисуваат со скијачкиот центар Попова Шапка, соопштија дека ќе прекинат да работат на несуштински дејности како туризам за да се фокусираат на производството на електрична енергија. ас/сст/15:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...