• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот во Македонија

Иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот во Македонија

Скопје, 5 септември 2018 (МИА) - Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондот на холокаустот во Македонија почнаа стратешко партнерство и иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот.

- Иницијативата настојува да го зачува споменот на холокаустот во Македонија и да ја промовира традицијата и културата на македонската и еврејска заедница. Иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата меѓу сите Македонци, информира ОМД.

Во соопштението се наведува дека се отвара фонд за постојаниот изложбен и Меморијален центар на холокаустот во Скопје во период од есента 2018 година во знак на одбележување на 75-годишнина од депортацијата на скоро 98 отсто од еврејската заедница од Македонија во логорот во Треблинка. мд/ев/18:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...