Гевгеличани донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“

Гевгеличани донираат храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“

Гевгелија, 6 септември 2018 (МИА) - На два пункта во Гевгелија од кои едниот во центарот на градот, а другиот во дворот на општинскиот Црвен крст, денеска гевгеличани донираат храна во рамки на хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, која се одржува во уште девет градови во Македонија.

Инаку, на 33 пунктови во 10 градови низ Македонија денеска се одржува првиoт настан од оваа национална хуманитарна акција за собирање храна. Акцијата ја организира мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската инцијатива „Мрдни со прст“.

Според податоци од асоцијацијата „Ајде Македонија“, околу 450.000 граѓани во нашата земја имаат проблем да обезбедат редовна исхрана за себе и своите семејства.

- Храната е основно човеково право, а јас верувам дека граѓаните на општина Гевгелија се хумани луѓе што впрочем досега го имаат покажано и во минатото.Искрено се надевам дека безрезервно ќе ја подржат и оваа акција и дека ќе донираат за нашите сограѓани кои не можат да си дозволат повеќе од еден оброк дневно,рече Димитар Вегов,секретар на гевгелискиот Црвен крст.

Пунктовите во Гевгелија ќе бидат затворени во 19 часот, а до тој момент сите хумани граѓани ќе можат да донираат храна која не е лесно расиплива. им/цр/13:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.