• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ и во Струмица

Хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ и во Струмица

Струмица, 6 септемри 2018 (МИА) - На три локации во Струмица денеска се спроведува хумантирната акција „Нахрани 10.000“. Акцијата во Струмица ја реализираат Општинската организација на Црвениот крст и Здружението „Вера“.

Според Анче Николова Туфекчиева од Здружението „Вера“, граѓаните на Струмица како и многупати досега ја покажуваат својата хуманост.

- Граѓаните донираат нерасиплива и конзервирана храна и се надевам дека во наредните 3-4 денови ќе можеме да ги поделиме пакетите на социјално загрозени семејства, кои во моментот не можат да си обезбедат повеќе од еден оброк, како и на семејства во кои живеат лица со попреченост. Се надевам дека ќе собереме доволна храна за да можеме да направиме барем четириесетина пакети, рече Николова Туфекчиева.

Најави дека ќе продолжат да ја организираат акцијата секој нареден месец за да може да им се помогне на социјално ранливите семејства. рт/см/ 14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.