Решен проблемот со прекинот на водоснабдувањето во Делчево

Решен проблемот со прекинот на водоснабдувањето во Делчево

Делчево, 9 септември 2018 (МИА) - Отстранет е дефектот на водоводната линија поради кој Делчево и дел од околните места вчера останаа без вода за пиење.

Како што информираа од комуналното претпријатие во Делчево по лоцирањето на проблемот со теренска интервенција на главната доводна цевка која минува низ село Тработивиште отстранети се сите понатамошни проблеми кои го попречуваа доводот на вода во Делчево.

- Наша екипа со теренско возило и 10 вработени активно се вклучи во санирање на дефектот кој се појави кај една од главните доводни цевки во село Тработивиште. Интервенцијата траеше неколку часа, но истата беше успешна со што водоснабдувањето во овој момент во Делчево и населените места се одвива непречено, информира директорот на претпријатието Стојче Стојковски.
 
Како што додаде Стојковски, поради дефектот во раните утрински часови водата се хлорира со цел избегнување на било каква појава на загаденост на водата. вс/рп/12:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...