Македонија Бојкотира: Со бојкот ќе го спречиме бришењето на се што е македонско

Македонија Бојкотира: Со бојкот ќе го спречиме бришењето на се што е македонско

Скопје, 10 септември 2018

Караванот на Кризниот штаб против референдумот синоќа имаше средби со граѓаните во општина Кавадарци. На средбите граѓаните масовно порачаа дека со бојкот ќе го спречиме бришењето на се што е македонско и дека никој не може да ни го промени името и идентитетот. Капитулантскиот и штетен договор со Грција за промена на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ, нема да помине бидејќи народот масовно нема да излезе на референдумот и ќе бојкотира.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени по секоја цена да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето. После неуспешниот референдум ќе падне марионетската влада во Скопје и тие ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен спрема граѓаните да излезат на гласање.

Ова не е борба на партии или лидери, ова е борба за Македонија. Нашата борба е исправна, ние се бориме Mакедонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, ние се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи беше истакнато на средбите.

Центар за комуникации на Кризниот штаб против референдумот

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ