Средба планинасрки друштва-СВР Тетово: Пријавување на планинарските тури за поголема безбедност

Средба планинасрки друштва-СВР Тетово: Пријавување на планинарските тури за поголема безбедност

Тетово, 10 септември 2018 (МИА) - Пријавување на планинарските тури особено во есенски и зимски временски услови, во функција на лична и заедничка безбедност на планинарите, е еден од заедничките заклучоци од средбата на претставници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово со раководства на четири тетовски планинарски друштва со над 500 членови „Љуботен“, „Тетекс“, „Маљсија“ и „Аргентусмонт“ информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите информации околу пријавувањето на турите од планинарите пожелно е и конкретно да биде наведено каде точно ќе се движат и колку и каде ќе се задржат.

- Претставниците на тетовските друштва ја поздравиле ваквата иницијатива и се заложиле дека тоа ќе треба да се однесува и на друштавата кои не се од подрачјето и кои треба исто така да бидат запознати за секоја тура, а за што наскоро ќе побарале и законски измени, рече Јосифовски.

Од тетовските планинарски друштва била искажано и потреба да се потпише заеднички меморандум за соработка помеѓу Федерацијата на планинарски спортови, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за млади и спорт со што би се зајакнала, унапредила и севкупно  би се збогатила натамошната афирмација на планинарските спортови во регионот и пошироко во држвата. ас/сст/17:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ