• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Штипските ловџии се подготвуваат за отварање на ловната сезона

Штипските ловџии се подготвуваат за отварање на ловната сезона

Штип, 11 Септември 2018 (МИА) - Штипските ловџии се подготвуваат за старот на сезоната за отсрел на крупен дивеч. Сезоната ќе ја почнат со хајка за диви свињи поради реакцијата на земјоделците од лакавичкиот регион за направените штети.

Николче Малинов од Ловното здружение „Ловец“ - Штип вели дека веќе имаат и најава дека во оваа хајка ќе се вклучат околу стотина ловџии поделени во 10 групи, а ќе се лови на терените на Плачковица и кај селото Драгоево.

- Сезоната за лов на крупен дивеч, зајак и еребица ќе се отвори на 7 октомври. Ловот ќе биде како хајка само на дива свиња. Дозволите ќе можат да се вадат на лице место во село Драгоево и во Ловниот дом во Вртешка на планината Плачковица, вели Малинов.

 Тој информира дека до наредната година ќе биде и целосно изграден ловниот дом во селото Судиќ, а за кого голем интерес има и од страна на странските ловци, кои на овие терени доаѓаат да ловат прелетен дивеч.вдј/скс/14:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...