Презентиран проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми меѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“

Презентиран проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми меѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“

Штип, 12 Септември 2018 (МИА) - Во Штип денеска беше презентиран проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми меѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво“, а кој предвидува со европски пари да  се градат капацитетите на невладините организации.

Оливера Трајковска, проект менаџер вели дека имаат за  цел лицата со посебни потреби да се вклучат во секојдневниот живот и полесно да најдат вработување. Во проектот предвидена е и обука на претставници на nевладини организации, кои делуваат во доменот на социјалната инклузија, како и лица со посебни потреби, потоа  лица во социјален ризик и кои долгорочно не се вработени, како резултат на селективниот пристап на институциите.

- Сметаме дека овој проект ќе биде делотворен со самите обуки, што ќе ги организираме, а ќе имаат и менторска поддршка и од два месецa. Исто така, ќе можат да направат и бизнис плал,  ќе имаме 50 учесници од кои 10 најдобри ќе имаат патување во Словенија, каде што ќе посетат фабрики или фирми кои што веќе работат со социјално претприемништво, вели Трајковска.

Во рамките на проектот предвиден е и Интернационален форум, на кои пред бизнис заедницата ќе бидат и презентирани бизнис плановите. Добрите бизнис планови ќе бидат поддржани и од Агенцијата за вработување, а проектот ги вклучува источниот и североисточниот регион, односно Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија и мултиетничката асоцијација „Линда“ од Куманово ќе работат на терен во општините Штип и Виница и Куманово и Крива Паланка.

Обуките во рамките на проектот „Социјална инклузија преку социјалните медиуми помеѓу граѓанските организации и социјалното претприемништво почнуваат од ноември.вдј/скс/16:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...