Русија демантира дека ќе изгради база во северозападна Сирија
- понеделник, 20 март 2017 20:35
Москва, 20 март 2017 (МИА) - Русија не планира да има нови воени бази во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Демантот уследи откако курдските милиции Сили за заштита на народот објавија дека се договориле со Москва за нова воена база во курдскиот реон во северозападна Сирија.
- Нема планови за нови руски воени бази на територијата на Сирија, се посочува во соопштението на Министерството за одбрана
Претходно, портпарол на Сили за заштита на народот Редур Кселил изјави дека вчера е постигнат договор со Русија за изградба на база во северозападна Сирија, а руски војници и оклопни возила веќе пристигнале во Џандарис, округот Африн. Според него, договорот денеска стапува во сила.
Кселил не наведе колку руски војници пристигнале во Џандарис, каде е предвидено да се изгради база.
Џандарис претходно беше мета на прекугранични напади од турската армија.
Со договорот најверојатно нема да се согласи Турција, за која Сили за заштита на народот се огранок на Курдската работничка партија,
Силита за заштита на народот се сојузник на САД во борбата против Исламска држава во Сирија. ми/20:35
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 22:01 | Отворен 21. Скопје филм фестивал
Со премиера на играниот филм „Година на мајмунот“ по сценарио и режија на Владимир Блажевски и во пр...
- 21:05 | Средба Џафери Ердоган - Поддршка од Турција за интеграција на Македонија во НАТО
Поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО како и за принципиелниот став во однос на употребат...
- 20:50 | Пентагон: Сирија и понатаму може да изведе „ограничени напади“
Пентагон тврди дека иако не постојат знаци дека сириската Влада е подготвена да изведе напад со хеми...
- 20:28 | Косово главна тема на средбата Могерини - Вучиќ
Косово и анализа на напредокот на Србија во европските реформи, кои се оценети како позитивни посебн...
- 19:28 | Захарова: Во Сирија пронајден хлор од Германија и димни бомби од Велика Британија
Контејнери со хлор од Германија и чадни бомби од британскиот град Солсбери пронајдени се во сириска ...